
MawinHal - Програм за оптимизација и изработка на кројни шеми
MawinHal е компјутерска програма за оптимизација и изработка на кројни шеми. Се користи како комплетна солуција во фабриките за кроење на иверка и тоа од задавање на налог за кроење до сечењето на иверката во производството. Способен е да ги води машините за кроење како и да ги печати налепниците за кантирање.
MawinHal може да се искористи и како начин на соработка меѓу фабриките и нивните комитенти, бидејки има можност за праќање на кројните шеми со специфика за материјалите и траките и по интернет. Моќните алгоритми и неговата едноставност при користењето, го чинат MawinHal вистинска професионална алатка во работата како на самостојните столари така и на поголемите фабрики.
MawinHal заедно со програмот MawinSal претставуваат комплетно софтверско решение за автоматизирање на рачно или полуавтоматско водени машини за кроење на иверица
-
неограничен број на парчиња за кроење
-
7 различни методи за оптимизација групирани по ориентација на сечење
-
можност за рачно прередување на елементите во кројната шема
-
поддршка на повеќе типови на машини за кроење (Selco, Holzher, WN200)
-
компатибилност со програмот за дизајнирање на ентериери
MawinKit
®
-
повеќејазичност
|
повеќе|