Столарска верзија
Столарската верзија на програмот за оптимизација MawinHal е наменета за самостојните столари, како и за помалите фабрики. Зошто би Ви го препорачале овој софтвер? Пред се, затоа што го заштедува времето потрошено за изработка на кројни шеми и количината на потрошен материјал. Употребата е едноставна.
Бројот на парчиња за кроење е неограничен. Корисникот има на располагање седум различни методи за оптимизација и изборот на методите го врши самостојно, зависно од неговите потреби. Доколку не сте задоволни со резултатот, во секој момент достапна ви е опцијата за рачно прередување на парчињата. Не е исклучена можноста за ротација на ниво на парче. Со оваа верзија корисникот добива можност за печатење на комплетен работен налог со спецификација на употребени парчиња со димензии, број на потрошени табли, должина на употребените траки за кантирање, како и евиденција на останати парчиња. За да ги задоволиме Вашите индивидуални потреби, постои можност за корисничко моделирање на изгледот на работниот налог и на кројните шеми.
|