Машинска верзија
Машинската верзија е наменета за фабриките кои вршат услуга кроење и фабриките за дизајнирање на мебел, кои имаат компјутерски машина за кроење на табли. Машинската верзија нуди комплетно технолошко и компјутерско решение на работењето и тоа од изработка на работниот налог до компјутерско префрлање на кројнита шеми во машината за кроење. Операторот на машината го прескокнува процесот на внесување на спецификација на парчињата како и командите за внесување на кројната шема, и веднаш пристапува на сечење на таблите.
Достапна е база со материјали и траки кои се користат во самата фабрика, со можност за нејзино ажурирање. Со оваа верзија корисникот добива можност за печатење на комплетен работен налог со спецификација на употребени парчиња со димензии и материјали, број на потрошени табли, евиденција на останати парчиња, должина на употребените траки за кантирање, евиденција на парчињата што треба рачно да се доизработат заради евентулана ограниченост на машината како и цена на комплетната услуга.
Постои дополнителна можност, во договор со фабриката, да се изработат клиентски верзии на програмата, со кои би се олеснил начинот на комуникација помеѓу фабриката и нејзините комитенти на кои им се врши услугата сечење и кантирање на парчиња. Комитентите би добиле од фабриката клиентски верзии со база од материјали што ги користи фабриката и би го испраќале работниот налог по електронска пошта, како би се убрзала целосно работата на двете страни. |