Фабричка верзија
Фабричката верзија на програмот за оптимизација MawinHal е наменета за фабриките кои вршат услуга сечење(кроење) и дизајнирање на мебел, кои користат рачни или полуавтоматски машини за кроење на табли. Фабричката верзија нуди комплетно решение на работењето и тоа од изработка на работниот налог до сечењето на таблите на машините.
Зошто би Ви го препорачале овој софтвер? Пред се, затоа што го заштедува времето потрошено за изработка на кројни шеми и количината на потрошен материјал. Употребата е едноставна. Бројот на парчиња за кроење е неограничен. Корисникот има на располагање седум различни методи за оптимизација и изборот на методите го врши самостојно, зависно од неговите потреби. Доколку не сте задоволни со резултатот, во секој момент достапна ви е опцијата за рачно прередување на парчињата. Не е исклучена можноста за ротација на ниво на парче. Достапна е база со материјали и траки кои се користат во самата фабрика, со можност за нејзино ажурирање.
Со оваа верзија корисникот добива можност за печатење на комплетен работен налог со спецификација на употребени парчиња со димензии и материјали, број на потрошени табли, должина на употребените траки за кантирање, евиденција на остатоци, како и можност за печатење на цената на услугата.
Постои дополнителна можност, во договор со фабриката, да се изработат клиентски верзии на програмата, со кои би се олеснил начинот на комуникација помеѓу фабриката и нејзините комитенти на кои им се врши услугата сечење и кантирање на парчиња. Комитентите би добиле од фабриката клиентски верзии со база од материјали што ги користи фабриката и би го испраќале работниот налог по електронска пошта, како би се убрзала целосно работата на двете страни.
|